Промоција на проектот “Promote tourism and culture through the water – ToCulter“ денеска во Струга

- Локални
73

Општина Струга организира промоција на проектот “Promote tourism and culture through the water – ToCulter“. Настанот ќе се одржи денеска 15.03.2019 (петок), во салата на Советот на Општина Струга, со почеток во 18.30 часот.

Проектот е финансиран од Европската Унија од програмата на ИПА-Инструментот за претпристапна помош, компонента 2, Меѓугранична соработка со Р. Грција, а е во партнерство со Општина Струмица и Општините Волви, Садики , Серес и Солун од Р. Грција.

Проектот “ToCulter” има главна цел да создаде заеднички туристички идентитет базиран на патеки на вода, специјализирани според идентитетот на локацијата и преку иновативна платформа и мрежни активности за развивање на промотивни туристички пакети за подобрување на прекуграничниот туристички производ и услуги и да се подобри протокот на туризмот во оваа област.

Strugaonline

Facebook Коментари