Вечерва во Струга концерт на нoрвешкиот дувачки ансамбл HIllestad Promenade Orkestar

- Забава, Локални
1073

Нoрвешкиот дувачки ансамбл HIllestad Promenade Orkestar, оваа недела ќе одржат два концерти, во Струга и Охрид. Овој оркестар е составен од група возрасни музичари аматери, кои за себеси велат дека се „една среќна банда“ која музиката и дружењето ги става на прво место. Оркестарот е дел од Националниот дувачки оркестар на Норвешка како и на Норвешкото Музичко Собрание. Двата концерти ќе се одржат на отворено со цел да се привлече вниманието на секојдневните минувачи и туристи низ струшката и охридската чаршија. Концертите се закажани во Струга вечерва, пред споменикот на Револуцијата, а во Охрид во четврток на 04.10.2018 на просторот помеѓу Т.Ц. Амам и Жито Леб, со почеток во 19 часот.
Концертот е во организација на Здружение за развој на културно – уметнички вредности ТАКТУС – Охрид.

Strugaonline

 

Facebook Коментари