Вечерва во Струга започнува седмата меѓународна конференција „Водици 2019“

- Локални
1537

Седмата меѓународна конференција „Водици 2019“ започнува вечерва во Струга, а ќе трае се до сабота, -19-ти јануари.

Конференцијата ќе се одржи во хотел „Дрим“, а почетокот е закажан за во 20:00 часот.

Истата тематски е посветена на „Идентитетите, културното наследство и туризмот како важни елементи на современото секојдневно живеење и фигури на глобалните процеси “. Учество ќе земат околу 60-на научни и стручни лица од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Азербејџан, Турција, Унгарија и Русија.

Организатори на настанот се Универзитетот „Евро-Балкан“ и Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија, во соработка со „MIRAS“ – Социјалната oрганизација за поддршка на изучување на културно наследство од Баку, Азербејџан, Селџук Универзиетот од Конија, Турција и Институтот за напредни истражувања од Косзег, Унгарија.

Strugaonline

Facebook Коментари