Вечерва започнува филмскиот викенд во Струга

- Локални
596
По повод јубилејот, 40 години од Меѓународниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“  започунуваат со караванот „Привте 40 – најдоброто од Европскиот филм” со прикажување на наградени филмови низ целата република, под мотото „Филмот им припаѓа на сите.“

Доаѓаат и кај нас, во Струга, во рамки на програмата „РАЗДРИМУВАЊЕ“ на филмскиот викенд, во кој се приклучува и Скопје филм фестивал

Во официјална програма на Летна сцена ќе ги погледнете:

Четврток 11 јули 21.00ч „Силвана – разбудете ме кога ќе се разбудите“
Петок 12 јули 21.00ч „„Месечината на Јупитер“
Сабота 13 јули 21.00ч „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“

Во офф програма, од денеска до сабота, од 19.30, за најмладите, ќе се прикажуваат серија детски анимирани филмови,  а во недела, повторно на Летна сцена од 21.00 ќе погледнете избор филмови од старата и добро позната струшка иницијатива Синеманија“.
„Со наднаслов РАЗДРИМУВАЊЕ / DIS-DRIMING, oд оваа година ДримОН го расклопивме на сегменти и парчиња и ќе го раштркаме преку цела сезона. Јули и август, во Струга повторно ќе донесат содржини кои се препознатливост на фестивалот-со фокус на она што е суштинска мисија на организацијата- јакнење на граѓанскиот дух преку уметност и уметничка продукција. “ – информираат од ДримОН фестивалот.

Strugaonline

Facebook Коментари