Владата го усвои Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион

- Локални
478

На вчерашната седница македонската Влада ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Донесени се соодветни заклучоци и задолженија за Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за заштита на животната средина и за просторно планирање за непречено имплементирање на одредбите од Планот.

Владата ѝ укажува на Управата за заштита на културното наследство и на Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, до донесувањето на новите детални-урбанистички планови за Охридскиот регион кои ќе бидат усогласени со Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029), условите за изградба на објекти задолжително да содржат заштитно-конзерваторски мерки, кои ги утврдува Управата за заштита на културното наследство, а ги изработува НУ-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

Владата им укажува на општините Охрид, Струга и Дебрца, при издавање на одобренија за изградба на објекти да ги соопштат и условите согласно Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029) за задолжително исполнување на заштитно-конзерваторски услови, кои ги издава Управата за заштита на културното наследство, а ги изработува НУ-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

извор: Влада на РМ

 

Facebook Коментари