Во јуни Струга ќе биде домаќин на Саем за риби и риболов

- Локални, Македонија
902
По повод организација на бизнис саем за риби и риболовство, денеска во просториите на Општина Струга се одржа состанок меѓу градоначалникот Рамис Мерко и организаторите на настанот, претставници од ЕуроСтеп – Скопје, маркетинг и менаџмент агенција.
,,Се потпиша Меморандум за соработка и заедничка организација на бизнис саем и на културен настан. Саемот ќе биде организиран во времетрање од 2 (два) дена во јуни 2022, во Струга. Целта на настанот е унапредување и подобрување на бизнис околината и заедницата на ниво на локална самоуправа и пошироко. Овој настан ќе придонесе за соработка и отварање на нови пазари, нови идеи и концепти и едукација.,, -информираат од Општина Струга
На саемот се очекува да има учесници од земјава, другите балкански земји ,  претставници од државите членки на Европската Унија, но посебно внимание е наменето за културно-уметничкиот дел на настанот, односно домашните риболовни здруженија од Западен Балкан.
Strugaonline

Facebook Коментари