Во Охрид ќе се гради најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа

- Локални
261
Во склоп на поранешната касарна во Охрид, ќе се изгради најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа.
Градоначалникот Кирил Пецаков информира дека согласно проектот е предвидено да се изградат два типа, односно едниот за деца од училишна возраст, а другиот за возрасни лица.
-Таму веќе се одвиваат подготвителните работи, по што следува поставување на реквизитите. Паркот е направен според ЕУ стандардот EN 15567 (15567‐1 и 15567‐2) и ќе користи еден од најбезбедните системи за ваков тип на активности. Безбедноста во паркот e на високо ниво и уживањето на корисниците на рекреативниот авантуристички парк е големо и најважно неговата изградба нема никакво негативно влијание врз животната средина и дрвјата.-објаснува Пецаков.
Додава дека главната цел на проектот е подобрување и проширување на туристичката и спортска понуда, со цел привлекување на странски и домашни посетители и групи, нудејќи им единствено катче за спорт, рекреација и дружење.
Strugaonline

Facebook Коментари