Во петок Литургија по повод Митровден во црквата „Св. Георгиј“ во Струга

- Локални
814

По повод празникот „Св. великомаченик Димитриј Солунски – Митровден“, вo петок во црквата „Св. Великомаченик Георгиј“ во Струга ќе се служи света архиерејска литургија.

Светата архиерејска литургија ќе започне во 08:45 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Strugaonline

Facebook Коментари