Во петок во Охрид крводарителска акција ,,Водици 2024“

- Локални
161
Традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“ под мотото „Eдна капка може да промени се“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2024 (петок)  во Центарот за култура „Григор Прличев“.
-Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.-велат од охридскиот Црвен крст.
Крводарителската акција ќе трае во период од 9:00 до 15:00 часот.
Strugaonline

Facebook Коментари