Maкедонија со значајна победа над Швајцарија го заврши настапот на ЕП 2024

- Спорт
159

Македонската ракометна репрезентација со победа од 29:27 над Швајцарија го заврши настапот на Европското првенство во Германија, триумф кој има особено значење за патот до Светското првенство.

Најдобар стрелец на мечот беше Енди Шмид со 11 погодоци. Во таборот на Македонија по пет пати погодија Марко Митев и Ненад Костески, додека голманот Мартин Томовски имаше 12 интервенции, а вреди да се напоменат и двете интервенции на Кизиќ во клучни моменти.

Македонија како третполасирана во групата го заврши настапот на Европското првенство, а триумфот од два разлика над Швајцарија значи дека ќе бидеме извлечени од првиот шешир за баражот за пласман на следното Светско првенство.

Според пропозициите на ЕХФ само една од третопласираните селекции на ова Eвропското првенство нема да биде во баражот на носители. Со триумфот над Швајцарија ние го освоивме третото место и имаме подобар скор од селекцијата на Грузија, која исто така заврши како трета. Нашиот финален пласман на шампионатот е 17-то место.

Извор и фото: kl7.mk

Facebook Коментари