Во петок во Струга акција за подигање на свеста против врсничкото насилство

- Локални
149

Mлади стружани – членови на Клуб за Младински активизам, во петок ќе спроведат акција за подигање на свеста против врсничкото насилство. Тие досега подготвија онлајн кампања на истата тема што ја мапираа како најголем проблем и предизвик помеѓу младите во Струга.

-Младите ќе работат на уметничка инсталација, која ќе има за цел да ја шири пораката против врсничкото насилство и да промовира мир и толеранција помеѓу младите. Инсталацијата ќе биде поставена на Дрвениот мост во Струга во петок – 19.04 од 15.30 часот, а во иницијативата ќе учествуваат над 20 струшки средношколци.-информираат организаторите.

Акцијата ја иницираа членовите на клубот за Младински активизам на Здружението за развој и активизам „Аква“ од Струга и Младинскиот образовен форум (МОФ) во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.

Facebook Коментари