Лев банер Десен банер

Во сабота ќе се одржи пловен мини концерт на реката Црн Дрим во Струга

На 11-ти јули, со почеток во 20:00 часот, реката Црн Дрим покрај Дрвениот мост (кај ресторан „Антика“) ќе стане сцена за автентичен 40-минутен пловен мини концерт.

Настанот е иницијатива на локалниот музичар Коста Костоски, а под отворено небо на кајчиња ќе настапи состав од 10 истакнати локални изведувачи: Коста Костоски, Андреј Нически, Артан Жута, Бојан Крстиноски, Алмир Бајрамоски, Давид Поповски, Александра, Менда Шеи, Владимир Мојсовски и Томислав Нестороски.

Настанот се реализира во соработка со спортскиот клуб „Соларис“.

Организаторите ги покануваат сите граѓани и посетители да уживаат во оваа уникатна летна вечер во Струга.

Датум: 11 јули 2026 година Време: 20:00 – 20:40 часот Локација: Дрвен мост, Струга.

StrugaOnline

error: