Во сабота започнува Фестивалот на нов германски филм во Охрид

- Локални
560

Оваа сабота (18-ти мај)   со комедијата „100 работи“ свечено ќе биде отворен фестивалот на нов германски филм во Охрид.

Овој фестивал во Охрид ќе се одржи по четринаесеети пат, а искуствата од претходните покажуваат дека германскиот репертоар наидува на огромен интерес кај љубителите на седмата уметност.

Свеченото отварање е закажано за 20:00 часот, а влезот е слободен.

Програмата можете да ја најдете на Facebook страницата на Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид

Настанот е поддржан од Германската Амбасада, Гете- институт Скопје, ПроКредит Банка и Македонски Телеком, а ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Strugaonline

фото: aрхива

 

 

Facebook Коментари