Вечерва започнува 64-то издание на Евровизија

- Македонија
62

Под мотото „Осмели се да сонуваш“ вечерва во Тел Авив, Израел, започува 64-то издание на еворвизискиот фестивал.

Почетокот е закажан за во 21:00 часот, а манифестацијата ќе ја отвори минатогодишната победничка Нета Барзилаи, а публиката во салата ќе има можност да го проследи настапот и на израелската победничка од 1998 година, Дана Интернешнал.

На првата полуфинална вечер ќе настапат седумнаесет , од вкупно четриесет и една земја.

1. Кипар (Тамта – Replay)
2. Црна Гора (Д-мол – Heaven)
3. Финска (Даруд и Себастијан Рејман – Look Away)
4. Полска (Тулија – Pali się)
5. Словенија (Зала Краљ и Гашпер Шантл – Себи)
6. Чешка (Лејк Малави – Friend of a Friend)
7. Унгарија (Јоци Папаи – Az én apám)
8. Белорусија (Зена – Like It)
9. Србија (Невена Божовиќ – Круна)
10. Белгија (Елиот – Wake Up)
11. Грузија (Ото Немсадзе – Keep On Going)
12. Австралија (Кејт Милер-Хајдке – Zero Gravity)
13. Исланд (Хатари – Hatrið mun sigra)
14. Естонија (Виктор Крон – Storm)
15. Португалија (Конан Озирис – Telemóveis)
16. Грција (Катарина Дуска – Better Love)
17. Сан Марино (Серхат – Na Na Na)

Македонската претставничка Тамара Тодевска со песната „Proud“ ќе настапи во втората полуфинална вечер во четврток, на 16-ти мај, под број 17.

Strugaonline

фото: архива

 

 

Facebook Коментари