Во Струга одбележана 37-годишнината од смртта на Владо Малески

- Локални
715

По повод 102-годишнина од раѓањето и 37-та годишнина од смртта на Владо Малески – Тале, (23 септември 1984 год.) револуционер,општественик и писател,на бистата на Малески во Струга се положи свежо цвеќе во организација на Општинската организација на борците-Струга.

Владо Малески ( Струга,1919 – 1984 ) е истакнат македонски раскажувач,романсиер.Бил член  на првата македонска генерација писатели.Учесник е во НОБ,на легендарниот Богомолски поход и како претставник на Струга бил дедлигиран на Првото заседание на АСНОМ.Потоа бил избран за член на АСНОМ ,на АВНОЈ и уставотворното собрание на ФНРЈ.

По ослободувањето бил прв директор на Радио Скопје,секретар на Собранието на Социјалистичка Република Македонија,член на Извршниот совет на Собранието на СРМ,сојузен делегат,амбасадор и носител на други функции во општествено-политичкиот и културниот живот во Република Македонија.

Мошне е богат животниот опус на Владо Малески на книжевен план.Зазема видно место во историјата на државотворноста на Република Македонија и како борец и како творец.Тој е автор на македонската национална химна “Денес над Македонија“.Прво исполнување било на дочекот на новата 1942 година во центарот на Струга во куќата на Сотир Шута,каде што Владо Малески свирејќи гитара ја испеал свечената песна која од присутните младинци била прифатена и натаму пренесувана,при што влегла во срцата на народот како свечана песна,а потоа и како химна на Република Македонија.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари