Еурофарм Работник славеше во својот деби-натпревар во СЕХА лигата

- Спорт
617

Еурофарм Работник вчера постигна историска победа во своето деби-претставување во  СЕХА лигата.  Ракометарите на Еурофарм на домашен терен славеа против Спартак Москва ( дебитант од Русија)  со резултат 34:29.

Нашите ракометари имаа лош резултат до средината на првото полувреме кога резултатот беше 5:10, но потоа се’ се промени. Еурофарм Работник направи клучна серија и успеа да израмни на 10:10. Првото водство за Еурофарм Работник дојде во 26. минута (12:11), а до крајот на првиот дел разликата отиде на два гола и на одмор беше 15:13.

Во второто полувреме ракометарите на Еурофарм играа сигурно и сконцентрирано, па победата беше сосема заслужена.

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – СПАРТАК МОСКВА   34:29 (15:13)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 2000. Судии: Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска. Делегат: Јосип Посавец од Хрватска.

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Митревски (10 одб.), Чаневски (1 сед.), Ојлески 1/1, Маркоски 3/3, Маџовски 3/4, Чурлевски, Стјепановиќ 10/14, Радовиќ 2/3, Шевелев 3/4, Јотиќ 4/6, Вегар 5/8, Кукоски, Граџан, Ѓукиќ 3/4, Кузманоски, Петровски.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 10 мин.

СПАРТАК МОСКВА: Сорокин (1 одб.), Никулин 0/1 (7 одб., Урбонас 6/8, Ковалев, Евдокимов, Фокин 1/1, Коршунов 2/2, Виноградов 2/5, Рјабов 1/1, Радојевиќ 4/5, Деревен 8/14, Шкопинцев 2/4, Афлитулин 2/2, Шелестјуков 1/1, Самарски, Цакаријас 0/1.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.

Strugaonline

Facebook Коментари