Враништа ќе добие зелен детски парк и ќе се тампонира дел од патот во селото

- Локални
514
Месната заедница на село Враништа на 20.12.2022 започна со реализација на два важни проекти за селото.
Првиот проект е изработка на зелен детски парк на местото од “Домот” односно на сред село .
Бекатон плочките се донација од  Г-дин Раде од фирма Илинден.
Поставување ќе го врши фирмата Проминг за што средства ќе издвои МЗ на село Враништа .
Вториот проект е тампонирање на патот долж 250м – 300м од старо корито до местото викано “кај цевкана” .
Тампонот и работата се донација од Г-дин Љупчо.
,,За двата проекти месната заедница преку донатори успеа да обезбеди основни материјали за да се започне со работа . Се информираат сите жители на село Враништа кои сакаат да помогнат во врска со овие два проекти, да го сторат истото бидејќи ќе ни бидат потребни донации за: ограда, клупи, корпи, украсни дрвја и борчиња.,,-информираат од МЗ Враништа.

Facebook Коментари