Времето денес променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

- Локални
53

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-4 Попова Шапка, -1 Берово, Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 Крива Паланка, Крушево, 2 Скопје-Петровец, 3 Претор, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, 4 Охрид, Битола, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Кавадарци, Велес, Дебар, 6 Прилеп, Куманово, Гевгелија, 8 Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)

6 Охрид, 5 Лазарополе, 4 Крушево, 3 Скопје-Петровец, 2 Дебар, Маврови Анови, Попова Шапка, Велес, 1 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Прилеп, Демир Капија, Кавадарци, Пожаране, Ѓуриште.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта и изутринава времето е променливо облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

Facebook Коментари