Времето денес променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2)
8 Битола, 1 Претор, Берово, Охрид.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

