За значењето на Манастирот Свети Спас во Вевчани

- Локални
807

Манастирот Свети Спас се наоѓа во планината западно од селотоВевчани, на надморска височина од 1 300 метри. Сместен  е во столетната дабова шума, а низ неа води пат до него по кој се стигнува за еден час пешачење.Манастирот е изграден во карпите.За овој манастир зпишувал  и патеписецот Нушиќ во 1892 година.

„Над Вевчани, во брдото, има доста стар манастир Св.Спас“

Според легендата, Светецот тука се населил откако минал повеќе места, поврзувајќи го тоа со верувањето дека тој има своја сестра Света Спаса која живее во една пештерната црква  кај селото Вишни,а која датира од крајот на ХIV век  и често ја посетува.

Мештаните од Вевчани и оклните села овој манастир најчесто го посетуваат на Спасовден (летен на Вознесение Христово) ,  на Спасовден есенски  (четврток пред Митровден.) Таму се ноќева во манастирските конаци и се приредуваат маалски софри. Притоа се носат подароци за манастирот и се палат свеќи за здравје на сите домашни.

Текст и фото : Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари