20 нови случаи на ковид 19 , 30 оздравени и 2 починати лица

- Македонија
73

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од:
Куманово – 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1.

Регистрирани се 30 оздравени пациент од:
Скопје – 21, Куманово, Прилеп и Виница – по 2, Кочани, Гевгелија и Берово – по 1.

Пријавени се 2 починати лица: од Скопје (63г и 78г), двајцата се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.

Во Струга моментално има 4 активни случаи на ковид 19

Facebook Коментари