Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири)

Извор: АМСМ

Фото: архива

Facebook Коментари