Под мотото ,,Наставници – водачи во кризата и креатори на иднината“ се одбележува денот на наставниците и учителите

- Македонија
607

Петти октомври е Меѓународен ден на наставниците и учителите.

-Секој од нас има наставник, или наставничка коишто ни биле инспирација и мотивација да го научиме невозможното. За коишто со љубов и жар раскажуваме и денес, затоа што не научиле на најважните мудрости во животот. Затоа, да им одадеме признание и почит со огромно благодарам. Светот и ние, денес го одбележуваме 5 октомври под едно мото: Наставници – водачи во кризата и креатори на иднината. Јас навистина верувам во вашата моќ и сигурна сум дека тоа ќе биде нашата стварност. Вие сте наша национална сила и гордост!-напиша министерката за образование и наука Мила Царовска по повод денешниот ден.

Светскиот ден на учителите е прогласен од УНЕСКО во 1993 година. Македонија го одбележува од следната, 1994 година. Во Интернационалата за образование членуваат 166 земји и 22 милиони просветни работници.

Strugaonline

Facebook Коментари