Започна изградбата на спортска сала во ОУ „Ашим Агуши“ во Радолишта

- Локални
424
Градоначалникот на Општина Струга Г-дин  Рамис Мерко беше присутен на поставувањето камен-темелник на спортската сала во општинското основно училиште „Ашим Агуши“ во село Радолишта.
Изградбата на салата е проект на Министерството за образование и наука  и Општина Струга.
Градоначалникот Мерко им честиташе на сите жители, потенцирајќи дека Општина Струга се залага за создавање помодерни простори каде учениците ќе можат да развиваат спортски активности.
Од Општина Струга највуваат дека ваквите капитални инвестиции во областа на образованието ќе продолжат и во иднина затоа што, како што велат,  младите се нашата иднина.
Strugaonline

Facebook Коментари