Здружението на пензионери- Струга одбележа два значајни јубилеи

- Локални
443

Здружението на пензионери од Струга,по повод одбележувањето на 20 –Септември,Денот на формирањето на струшкото здружение ( 1946 ),патронатот на здружението ,на 27 –ми септември го одбележа Денот на пензионерите со еднодневна екскурзија во соседна Албанија,и по повод 75 години од пензионерското организирање во Македонија и во Струга.

По одлука на Извршниот одбор на здружението,беше одлучено Денот на пензионерите 20-ти септември и 75 години од пензионерското организирање,да се одбележи со еднодневна екскурзија во градот Поградец во соседна Албанија.

По одлука на Извршниот одбор во екскурзијата беа вклучени членовите на Собранието, Извршниот одбор,претседателите на десете ограноци,претседателите на комисиите,а беа поканети и гости.Струшките пензионери,после граничниот премин Ќафасан,направија кафе пауза во ресторанот „Кукеши“од каде можеше да се види Охридското Езеро на дланка и Полуостровот Лин,на северозападниот брег на Охридското Езеро.Веднаш потоа патот ги одведе во првото градче Поградец,каде што го посетија пазарот,бедејќи понеделник е пазарарен ден,потоа го разгледаа градот,а повиталните пензионери се искачија на Ридот,каде што е наоѓалиштето на поранешниот Замок од Поградец.Втората кафе пауза е направија во големиот и преубав парк Трилони,каде што направија поголем број на фотографии за спомен.

За време на свечениот ручек,кој беше организиран во Бар ресторанот „Кукеши„ ,на Полустровот Лин,-претседател на Извршниот одбор и на Здружението,Милорад Трпоски,во својата здравица истакна дека ова година се одбележува големиот пензионерски јубилеј,75 години од пензионерското организирање на Сојузот на здруженија на пензионери и нашето Струшко здруженије,које во ова јубилејна година беше домаќин на 19-та Регионална манифестација Ревија на песни,игри и музика,а настапија и на 11-та Републичка Ревија на песни,музика и игри што се одржаа во Скопје.Исто така зеде учество и на најмасовната активност на Сојузот,спортските пензионерски натпревари кои се одржа Регионалните натпревари во Кичево,и на Републичките натпревари кои се одржа во Велес,одбележувајќи 25 години од првите натпревари.Исто така нашето здружение зеде учество на поетско – кузичката средба во Прилеп,кој се совпадна и со 100 години од раѓањето на Блаже Конески, (1921-2021 ),истакна Трпоски и продолжи со своето поздравно обраќање, тој најнапред ги поздрави гостите и присутните,посакувајќи им добро здравје и убави пензионерски денови,ги истакна најзначајните успеси на здружението во повеќе области,постигнати во своето постоење,но сето тоа како резултат на успешната соработка со матичната организација на СЗПМ,без која сите овие успеси и не можеа да се реализираат.

Со своите успеси,во сите области на дејствување,важиме за едно од најдостојните и пензионерско здружение за почит.Овој пиетет и успех многу пати се потврдени и во СЗПМ и неговите органи.Резултат на ова е добрата организациона поставеност,солидната кадровска структура,екипираност и работно и животно искуство на членовите на раководството.Имаме воспоставено добра соработка со Сојузот на здруженија на пензиоинерио на Македонија и оваа година,сме вклучени во одбележување на 75 години пензионерско организирање во Македонијаи секоја наша активност е во знакот на јубилејот.Добра соработка имаме со Локалната самоуправа,со многу здруженија на пензионери од Републиката а посебно со збратименотио здружение на Крушево,-истакна Трпоски.

На крајот истите поздравни зборови до пензионерите и гостите ги упати на албански јазик секретарот на здружението Изеир Мустафаи.

Текст и фото:Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари