Жител на Велешта заработи кривична пријава, нападнал лице од Кавадарци и му одзел пари

- Локални
179

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Н.(44) од струшкото село Велешта поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”. Тој, на 12.02.2023 во 03.30 часот, пред казино на улица „15 Корпус” во Струга физички го нападнал Е.В.(38) од Кавадарци и му одзел пари.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари