Жителите на Враништа утре повторно ќе протестираат, бараат нова канализациона мрежа и обновување на водоводната мрежа

- Локални
753

Meсната заедница на село Враништа најавува нов протест преку кој бараат селото да добие нова канализациона мрежа и обновување на постоечката водоводна мрежа.

Протестот ќе се одржи утре, 3-ти септември, во период од 16:00 до 17:00 часот кај ,,Шумски мост“.

На претходниот протест што се одржа на 15-ти август,  мештаните потенцираа дека за овој проблем се обратиле до Општина Струга и Министерството за транспорт и врски, но не добиле никаков одговор.

Освен водоводна и канализациона мрежа, тие бараат пешачки и велосипедски патеки и зелени паркови со цел заштита на животната средина и можност за развој на социјален живот и рекреација.

Strugaonline

 

Facebook Коментари