СЕХА го исклучи Вардар од Ф4

- Спорт
375

Екипата на Вардар нема да игра на завршниот турнир во СЕХА лигата во Задар, поради тоа што еден играч бил позитивен на вирусот ковид 19.

„После дискусија Извршниот комитет ги провери документите и препораките и се согласи со голема одговорност и совест дека конкуренцијата и здравјето на сите учесници не можат да бидат загроени. Поради сето споменато, Извршниот комитет донесе одлука Вардар да биде исклучен од Ф4 во СЕХА.

Поради тоа што Загреб играше против Вардар во четврт-финалето и поради фактот што беше најдоброрангиран тим во регуларниот дел од сезоната сезоната, Извршниот комитет исто така донесе одлука дека Загреб ќе добие покана да игра како замена“, стои во соопштението од СЕХА.

Facebook Коментари