ЖКК Струга 2009 загуби од Баскет Кам, следен предизвик е Бадел

- Локални, Спорт
655
Во рамки на шестото коло од прва А лига во женска конкуренција, ЖКК Струга 2009 загуби од Баскет Кам со резултат 78:60 (26:12;13:18;20:13;19:17) .
Најдобри во нашата екипа беа: Устијанова со 18 погодоци, Томпсон и Стојаноска постигнаа по 10 поени, Шеќероска со 9 поени, Зендели 6, Модева 3 и Укоска 2 поени.
Во редовите на Баскет кам најдобра беше Aдсмс со 28 поени.
,,Лошиот почеток на натпреварот , слабата одбрана и лошиот шут резултираа со голем минус во првата четвртина. Во втората четвртина ја стегнавме одбраната и ја убрзавме играта во нападот , тоа значеше и враќање во мечот. И покрај тоа, квалитетот и искуството  на противникот и предноста во висина не ни дозволија да направиме целосен пресврт. Поради тоа, последните пет минути, шанса добија и помладите кошаркарки кои досега немаа голема минутажа на првенството.,,- изјави тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.
Тој додаде дека им следува повторно тежок натпревар со Бадел на домашен терен, за кој ќе се обидат да се подготват најдобро што можат.
Strugaonline

Facebook Коментари