ЖРК Стружанка денеска ја постигна својата трета победа во низа оваа сезона, победувајќи на гостински терен против екипата на Maкалоски во Прилеп со резултат 12:17 (7:8). Првото полувреме беше доста неизвесно и се играше гол за гол. Нашите ракометарки на одмор отидоа со еден гол негатива, за во второто полувреме да покажат одлична игра и да постигнат сериозна разлика над домаќинот.Така, ракометарките на Стружанка славеа со 5 голови разлика на крајот од натпреварот.
Пионерките после слабиот старт на оваа сезона каде што имаа два порази на самиот почеток сега таа негатива ја занемарија правејќи хет-трик од победи и моментално имаат три победи наспроти двата порази.
Наредниот викенд ЖРК Стружанка на свој терен го пречекува тимот на Металург 1 каде што е и последен натревар од оваа полу-сезона.
Стрелци за ЖРК Стружанка во Прилеп се:
- Миладиноска Маријана 5 погодоци
- Петреска Марија 3 погодоци
- Домазетоска Теодора 3 погодоци
- Голабоска Марија 2 погодоци
- Вранишкоска Кристина 1 погодок
- Кузманоска Павлина 1 погодок
- Ѓоршулеска Роберта 1 погодок
- Дукоска Теодора 1 погодок
Извор и фото:zrkstruzanka.mk
Strugaonline
Facebook Коментари