ЖРК Стружанка убедливо славеше во дуелот со Кичево

- Локални, Спорт
969

Кадетките на ЖРК Стружанка пред два дена го одиграа натпреварот од 7-то коло од оваа сезона каде што ги пречекаа гостите од Кичево.

ЖРК Стружанка забележа убедлива победа со која го зацрвсти првото место во групата 1, каде што со 18 освоени максимално бодови, има +6 од второпласираната екипа на Металург односно Лихднид 2013 кои имаат по 12 бодови.

ЖРК Стружанка славеше над гостите со резултат од 28:10 (14:6) каде што во текот на целиот натпревар гостите беа немоќни против разиграните кадетки.

Кадетките со оваа победа се на чекор кон фајнл-фор турнирот каде што ќе играат двете најдобро пласирани екипи од групите 1 и 2.

За ЖРК Стружанка  беа досудени четири седмерци од кои 3 беа реализирани а додека за гостите од Кичево беа досудени исто четири седмерци но реализираа само еден каде нашиот гол го бранеа Ристоска Марија, Ќушкоска Ивана и Ѓокеска Никица.

Наредниот викенд ЖРК Стружанка гостува кај екипата од Кичево, Војнисон Вардар кој се последно пласирани во групата и сеуште немаат забележано триумф.

Стрелци на натпреварoт за ЖРК Стружанка беа:

  1. Затуроска Ивана 9 погодоци
  2. Домазетоска Теодора 5 погодоци
  3. Дурацоска Стефанија 4 погодоци
  4. Миладиноска Маријана 4 погодоци
  5. Јусуфи Суела 2 погодоци
  6. Дукоска Теодора 1 погодок
  7. Голабоска Марија 1 погодок
  8. Затуроска Бојана 1 погодок
  9. Ќушкоска Марија 1 погодок

Извор и фото: zrkstruzanka.mk

Facebook Коментари