12 лица го прекршиле полицискиот час

- Македонија
397

Од вчера, 10-ти март, во 22:00 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05:00 часот наутро.

Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на  движењето да се спроведе  согласно одлуката на Владата.

Од 22:00 часот до 05:00 часот констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење.

Извор: МВР

Facebook Коментари