21 нов случај на ковид 19, во Струга 2, нема починати лица

- Македонија
382

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нов случај на КОВИД-19:

Тетово – 11, Скопје и Куманово  – по 3, Струга -2, Гостивар и Штип – по 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 2, Битола, Тетово и Кичево – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 914.381 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.

Во Струга има 4 активни случаи на ковид 19.

Facebook Коментари