23-мај е неработен ден за припадниците на влашката заедница

- Македонија
563

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 23 мај (сабота), Национален ден на Власите,  е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.   ​

 

 

Facebook Коментари