АМСМ: Поради магла намалена видливост на патиштата

- Македонија
477

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се влажни.

Поради магла намалена видливост од 50 – 100 метри има кај Кичево, на планинскиот премин Ѓавато и долж повардарието.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, која ќе трае до 15-ти март следната година.

Извор: АМСМ

Facebook Коментари