АМСМ: Укината забраната за камиони на премините Ѓавато и Стража и на патот Струга-Ќафасан

- Македонија
329

Од 08:20 часот утринава,  укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Ѓавато, Стража и патниот правец Струга-Граничен премин Ќафасан.

– Поради интензивни врнежи од снег воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Дебар, на планинските премини Пресека, Буково, како и патниот правец Тетово-Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Од 23:35 часот синоќа, сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврови Анови-Дебар, кај манастирот Св. Јован Бигорски е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини. На целата територија на државата врне снег со променлив интензитет. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

извор: АМСМ

Facebook Коментари