AМСМ: Возете внимателно, врнежи од снег на Стража, Буково и Ѓавато

- Македонија
351

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.

– Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово-Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка. Врнежи од снег бележиме во Маврово и на планиските премини Стража, Буково и Ѓавато, информираат од АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2021 година.

Извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари