АРМ денеска слави 28 години постоење

- Македонија
540

Со почесна артилериска стрелба и со свеченост на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на македонската Армија. Свеченоста ќе се реализира согласно протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.

По тој повод,  обраќање ќе имаат претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.- информираат од Генералштабот на Армијата

За роденден на Армијата е избран 18-ти август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“. Процесот за формирање на современата армија на земјава започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша Договорот за дислокација на федералната армија од територијата на државата. Македонската Армија денес заедно со армиите на уште 29 земји е составен дел од најголемиот колективнен безбедносен систем откако во март годинава земјава стана 30 полноправна членка на НАТО.

Facebook Коментари