Бектеши: Почнува реализација на пет мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, до крајот на годината ќе бидат исплатени 7,5 милиони евра државна помош

- Македонија
337
Министерството за економија денеска објави пет јавни повици за мерките за финансиска поддршка на туристичко-угостителскиот сектор предвидени во четвртиот сет мерки на Владата, информираше денеска на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.
,,Со предложените мерки предвидено е да се опфатат следниве 5 активности и тоа:
1.Враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти.
Со цел поддршка на хотелиерството во Република Северна Македонија за време на кризата со КОВИД-19, Министерството за економија предвидува враќање на туристичка такса за 2019 година за сите угостителски објекти за сместување.
Со мерката транспарентно и ефикасно ќе се вратат средства директно на сите кои во 2019 година имаат уплатено туристичка такса.
Износот на средства за оваа мерка предвиден во Буџетот е 120.000.000,00 денари.
2.Грантови за туристички агенции
Износот на средства кој ќе биде доделен е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и типот на лиценцата за работа а ќе изнесува најмногу до 180.000,00 денари за Б лиценца и најмногу до 430.000,00 денари за А лиценца.
Вкупниот износ на средства за оваа мерка предвиден во Буџетот е 116.850.000,00 денари.
3.Грантови за категоризирани ресторани за свадби
Со цел поддршка на угостителскиот објекти кои со одлука на Владата на Република Северна Македонија за време на кризата со КОВИД-19 беа затворени , со мерката се предвидува грантови за категоризирани ресторани кои имаа пад во нивните приходи над 75%, односно ресторани кои организираат свечености, свадби и настани, и поради пандемијата беа ограничени да вршат дејност.
Износот на средства кој ќе биде доделен е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и видот на решението за категоризација а ќе изнесува од 180.000 до 600.000 денари за правен субјект. Вкупниот износ на средства за оваа мерка предвиден во Буџетот е 60.000.000,00 денари.
4.Грантови за игротеки
Со цел поддршка на игротеките кои со одлука на Владата на Република Северна Македонија за време на кризата со КОВИД-19 беа затворени , Министерството за економија предвидува мерка за доделување на грантови кои ќе се одредат согласно вкупниот приход на субјектот во претходната, а ќе изнесува од 90.000 до 300.000. Вкупниот износ на средства за оваа мерка предвиден во Буџетот е 153.000.000 денари.
5.Грантови за лиценцирани туристички водичи
Имајќи предвид дека туристичките водичи се важна алка во целата туристичка понуда со мерката е предвидено грант во износ од 3 просечни плати односно по 65.000 денари за секој туристички водич кои поради кризата со пандемијата не можеше да ја обавува дејноста.
Вкупниот износ на средства за оваа мерка предвиден во Буџетот е 9.800.000 денари. За реализација на сите 5 мерки Министерството за економија со Ребалансот на Буџетот има обезбедено средства во износ од  459.650.000 денари, односно 7,5 милиони евра.“ -информираше Бектеши.

Со цел почитување на сите здравствените протоколи, Министерството за економија реализацијата на мерките го спроведува преку платформата www.domasiedoma.gov.mk  или www.pushimenevend.gov.mk на која ќе можат да ги поднесат нивните барања и потребна документација онлајн.

На самата платформа се прикачени и јавните повици и програмите, но исто така Министерството за економија ќе одговори на сите прашања поврзани со мерките преку секторот за туризам.
За потврда на веродостојноста на податоците во поднесената документација Министерството за економија ќе изврши проверка со надлежните институции како што се Министерство за финансии, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување како и Државен пазарен инспекторат.
Рокот на аплицирање за овие пет мерки е 27 ноември, а финансиската поддршка ќе биде исплатена до крајот на годината.
,,Очекувам максимално искористување на мерките и постигнување на посакуваните ефекти, а тоа се задржување на работните места и помош за компаниите за опоравување од последиците со пандемијата. Ги повикувам сите туристички работници и угостители да аплицираат, а Министерството за економија, веднаш ќе ги обработи апликациите се со цел средствата да бидат навремено исплатени. Но, покрај поддршката за туристичко угостителскиот сектор сакам исто така да информирам дека минатата недела Министерството за економија објави јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчиите.“-додаде Бектеши.
Предмет на јавниот повик е кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, државјани на Република Северна Македонија преку кофинансирање до 60% од докажаните  трошоци, но не повеќе од 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали.
За оваа мерка се предвидени средства со вкупен износ од 20.000.000 денари, а ќе бидат кофинансирани докажаните трошоци за набавки направени во 2020 година.
Разгледувањето и  изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави по принципот „Прв дојден, прв услужен“, а крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е исто така е до 27.11.2020 година.
Strugaonline

Facebook Коментари