ЦУК: Апел за превентивни мерки заради најавите за невреме и поројни врнежи

- Македонија
547

Заради најавите за невреме и поројни врнежи Центарот за управување за кризи (ЦУК), преку своите регионални центри, испрати укажување за потреба од преземање превентивни мерки до градочалниците и лицата за контакт во сите региони во државата.

Покрај потребата за превенција заради најавеното невреме со поројни дождови и ветар, до субјектите од Системот за управување со кризи, ЦУК апелира и за лично граѓанско превентивно однесување за време и после невреме во одредени локални региони.

Конкретно, покрај препораката за градоначалниците и субјектите во Системот за управување со кризи за преземање превентивни мерки, неодминливо е да се апелира и до сите граѓани да не движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град. Од среда следува стабилизирање на времето, информираат од УХМР.

Facebook Коментари