Денеска е Бадник, ден пред големиот Божик

- Македонија
179

Денеска е Бадник, ден пред големиот Хирстијански празник Божиќ. Празници кои се поминуваат во кругот на најблиското семејство со желби за здравје, љубов, мир и благосостојба.

Симбол за вербата и почитување на обичаите меѓудругото е богатата посна трпеза која вечерва ќе биде поставена во секое семејство,   како и лепчето со паричка.  Се верува дека оној кој ќе ја најде паричката ќе има среќна и бериќетна година.

Според Библијата,  Бадниковата вечер е „Вечер на Раѓањето”.  Oние кои најстрого го почитуваат Божиќниот пост, на овој ден се воздржуваат од секаква храна, освен вода се до вечерта кога започнува бадниковата вечера.

Традицијата вели дека Бадниковата вечера не се крева од трпезата и истата треба да биде поставена до Божиќното утро кога се слави Христовото раѓање.

Facebook Коментари