Денеска се празнува Свети Игнат – Што ќе правите денеска, ќе правите цела година

- Македонија
1135

Православните верници денес го празнуваат денот посветен на Свети Игнат.

Се верува дека се она што ќе го правите денеска, ќе ви се случува во текот на целата година.

Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.

Инаку, на овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а за полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал, а каков ќе бил тој, таква ќе била и годината.

Денеска бидете весели и среќни, за целата година да ви биде исполнета со радост.

извор: МПЦ-ОА

фото: архива

Facebook Коментари