Денеска започнува пролетта

- Македонија
449

Пролетта на Северната хемисфера почнува денеска во 22 часот и 24 минути. Оваа година пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 33 минути, односно до 21 јуни 2023 година во 16 часот и 57 минути, кога ќе започне летото.

Во исто време, денеска на Јужната земјина полутопка почнува есента.

Денeшниот ден ќе трае 12 часа и 8 минути.

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 17 до 21 степен.

Facebook Коментари