ЕВН Македонија спроведе акција за новогодишни донации

- Македонија
348
 

ЕВН Македонија обезбеди 300 пакети со прехрамбени производи за социјално ранливите категории на граѓани и 650 Новогодишни пакетчиња за деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост.

Пакетите за деца беа донирани до Црвениот крст на Република Северна Македонија, додека пакетите со храна ЕВН ги донираше до Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква. Преку хуманитарните организации, „Свети Спас“, „Каритас“,  „Хилал“ и Црвениот крст истите ќе бидат распоредени низ целата држава.

ЕВН Македонија како општествено одговорна компанија има долгогодишна традиција на донации за време на Новогодишните празници, а за реализација на оваа цел има тесна соработка со верските заедници и хуманитарните организации.

 

Facebook Коментари