Филипче: Мерките што ги имаме сега се доволни, не организирајте семејни слави

- Македонија
387

На состанокот на  Комисијата за заразни болести што се одржа утринава,  била разгледувана моменталната ковид состојба во државава и заклучено е дека нема потреба од нови рестриктивни мерки, односно дека и понатаму ќе важат постоечките.

-Овие мерки што ги имаме се сосема доволни, само што треба да се почитуваат во угостителските објекти, во сите места каде што има собири… Овие мерки се еднакви, како и во сите развиени земји. Го повторувам апелот за вакцинација, иако сме тука некаде во регионот. Во однос на болниците, ќе кажам дека има една карактеристика која е поразлична од предходните, а тоа е дека е намален бројот на пациенти кои се хоспитализирани, како и тоа дека е намален процентот на новодијагностицирани. Значи мерките остануваат, но  со оглед на тоа што доаѓа време за семејни слави апелирам до граѓаните или да не ги организираат, како што беше лани, или да се сведат на минимум, само во кругот на семејството, рече Филипче.

Facebook Коментари