Филипче: Најкритичен месец за состојбата со вирусот ќе биде јануари

- Македонија
496

Најризичен период кој следува во однос на коронавирусот е јануари, рече министерот за здравство, Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата ,,Топ Тема“ на ТВ Телма.

Министерот објасни дека јануари е период кога ќе заврши циклусот од два месеца кога луѓето ќе поминуваат повеќе време во затворен простор.

Што се однесува до рестриктивните мерки како што се  полициски час и карантин, Филипче рече дека такви мерки  нема да има на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика, туку можно е само во одредени општини или населби.

Тој потенцираше дека казни за неносење маска мора да има, бидејќи за него е неприфатливо да не се почитуваат мерките.

 

Facebook Коментари