Филипче: Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот

- Македонија
368

Министерот за здравство Венко Филипче во рамки на примопредавањето на донацијата во Институтот за судска медицина, одговарајќи на  новинарско прашање информираше дека ќе се промени работното време на угостителските објекти по 21 јануари.

„На 21 јануари ќе се донесе одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до 21 часот, но и можноста нивното работно време да се продолжи до 23 часот“, истакна Филипче.

„Единствено нешто што ќе се случи на 21 јануари е работното време на угостителите сигурно да се продолжи до 21 часот, а согласно проценката на ситуацијата до 21-ви, евентуално да се разгледа нивното барање за работа до 23 часот. Меѓутоа, сите други мерки остануваат во сила“, рече Филипче.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари