Филипче-,,Состојбата се влошува, следуваат нови мерки, а ако мора ќе има и карантин,,

- Македонија
578

Состојбата со коронавирусот кај нас како и секаде во светот, со крајот на летото се влошува, а ризикот кој го носи есента може да донесе на зголемен број на заразени. Во наредните неколку дена ќе презентираме нови мерки со цел сузбивање на коронавирусот, соопшти на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Според анализите на Комисијата, заклучно со 19-ти септември, најголем број случаи има во Скопје, Куманово, Тетово и Штип. По возрасни групи, најзастапена е групата над 60 години, а избива и онаа меѓу 30-39 години. Вирусот е поприсутен помеѓу работоспособното население и она кое име многу социјални контакти.

Филипче информираше дека анализите на дистрибуција на потврдени случаи, според начин на стекнување на болеста, покажале дека најмногу е преку локален пренос на инфекцијата, по затворање на границите спорадични импортирани случаи има од 29-ти мај, а по повторно отворање на границите речиси секој ден. Најголем број импортирани случаи има од Албанија.

-Од анализите јасно може да се заклучи дека зголемувањето на бројката е заради непочитување на мерките, најмногу групирање, семејни собири, прослави, свадби, кои што се забранети, но и генерално опуштање на граѓаните. Граѓаните заборавија на важноста за почитување на мерките и последиците кои сите и сносиме. Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период завршува. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме здравствениот систем.-додаде Филипче

Министерот најави дека од  следната недела уште повеќе ќе се засилат контролите за спроведување мерки и протоколите кои се веќе на сила, сите инспекторати и институции кои се задолжени и апелираше состојбата да се сфати сериозно.

-Во тек се анализи и планови за воведување нови мерки за спречување понатамошно ширење на вирусот. Наша статегија е навремено да воведеме мерки кои директно ќе влијаат за да се избегнат евентуални рестрикции на движењето и мерки кои ќе ја закочат економијата и би не затвориле во домовите, но ако е нужно, ќе го направиме и тоа.-предупреди Филипче.

Дел од мерките кои се разгледуваат се задолжително носење маска и на отворено, ограничување на број на лица во угостителски објекти, ограничување број на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителски објекти на затворено и евентуално намалување на капацитетот на јавен превоз.

-Капацитетот на болниците моментално е во добра состојба но најголемиот ризик е тоа. Ќе се соочиме со есенски бран и го подготвуваме здравствениот систем. Но, системот не може без граѓаните и нивната поддршка. Да ги почитуваме мерките, да не дозволиме да се преполнат болниците. Сите знаеме какви штети предизвикува карантинот како мерка и врз економијата и врз граѓаните, можеме да го превенираме само со целосно и доследно држење на препораките и мерките. Од нас зависи каква есен ќе имаме.- истакна министерот.

Strugaonline

Facebook Коментари