Филипче: Според однесувањето на граѓаните, ќе одлучиме колку време ќе трае карантинот за првомајските празници

- Македонија
973

Се’уште нема одлука за рестрикциите за движење за 1-ви мај. Министерот Филипче на денешната прес-конференција појасни дека дали ќе има тридневен карантин ќе зависи од однесувањето на граѓаните, односно колку тие ќе ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД 19.

-Мерката на разлабавување на полицискиот час – повеќе часови слободни на движење ние ја носиме заедно во пакет со задолжителното носење на маски и само така ќе има ефект и само така ќе има резултат. Ќе анализираме овие денови. Ние веќе утре ќе побараме од Владата казнување да почне порано уште на почеток на неделава, не од 1-ви мај како што иницијално наведовме. Зашто? Заради тоа што навистина се плашиме дека може да има несакан ефект сето тоа ако не се почитуваат мерките во таа насока. Ќе анализираме какво ќе биде однесувањето на граѓаните деновиве, дали се почитуваат тие мерки за задолжителна дистанца, носење на маските кога не може да се одржи и врз основа на тоа ќе донесеме одлука како ќе биде организиран следниот викенд, рече на денешната онлајн прес-конференција министерот Филипче.

Strugaonline

Facebook Коментари