Филипче: Вакцината на „АстраЗенека“ нема да се дава на лица помлади од 60 години

- Македонија
595

Вакцината на „Астра Зенека“ во Македонија нема да се дава на лица помлади од 60 години соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа одлука доаѓа откако вчера Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека  секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта.

За граѓаните од оваа возрасна група што веќе се вакцинираа со прва доза во Србија, засега нема никакви мерки за претпазливост.

– Тие што веќе примија прва доза нема никави препораки за претпазливст освен ако имаат симптоми да се јават на лекар, а во однос за ревакцината, со оглед на тоа што треба да дојде за период од три месеци засега нема став, ќе ги следиме и насоките од ЕМА и од други национални агенции и ќе заземеме став во однос на ова прашање. Во однос на тоа дали за втора доза ќе се прима вакцина од друг продизводител, ќе се чекаат препораките. Доколку дојде до тоа, ќе се обезбедат потребните количини, изјави Филипче.

Strugaonline

Facebook Коментари